Мисија на ОБСЕ во Скопје
Толеранција и недискриминација
Поддршката за анти-дискриминаторните механизми е дел од напорите кои Мисијата ги презема во насока на целосно имплементирање на Охридскиот рамковен договор. Главниот акцент е ставен на законодавството и креирањето јавни политики, истражувачките активности и информирањето на јавноста. Мисијата помага во градењето на капацитетите на адвокатите преку соработка со Академијата за обука на судии и јавни обвинители како и во зајакнувањето на регионалните иницијативи за анти-дискриминација.