Ресурси
Човекови права
Оваа публикација се однесува на граѓанските и политичките права, вклучително и правото на живот и забрана на мачење, право на фер судење, право на еднаквост и забрана на дискриминација, право на слобода на мислење, совест и вера, право на слобода на изразување и право на слобода на собирање и здружување. Целта на публикацијата е да обезбеди помош на правните практичари, судството и научните работници во имплементацијата на овие човекови права и основни слободи и да им овозможи практични алатки за идентификација на повредите на човековите права.
Ставовите, мислењата, заклучоците и останатите информации изразени во овој документ, не мора да го изразуваат ставот на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ), освен доколку не е експлицитно наведено дека ОБСЕ е автор на документот.