Мисија на ОБСЕ во Скопје
Образование
Мисијата ја поддржува владината стратегија за интегрирано образование кое овозможува интеракција помеѓу сите заедници од најмала возраст. Ова вклучува поддршка на заеднички активности во училиштата и наменски проекти за градење на капацитетите. Мисијата, исто така, обезбедува совети и помош на различни групи вклучени во образованието, како што се претставниците на Министерството за образование и наука и нејзините институции, факултетите за наставници, претставниците на локалната самоуправа и училиштата, учениците и родителите.