Мисија на ОБСЕ во Скопје
Миграција
Како одговор на напливите од мигранти со кои неодамна се соочи земјата, Мисијата врз основа на пристап ориентиран кон жртвата и човековите права, работи со властите за зајакнување на капацитетот на редовната и граничната полиција за справување со бегалците и мигрантите.
Во брановите на мигранти долж миграциските рути, Мисијата се вклучува во борба против трговијата со луѓе и работи кон зголемување на капацитетот на социјалните работници за идентификација на жртвите од трговија со луѓе. Мисијата исто така поддржува адвокати кои даваат правна помош на жртвите на трговија со луѓе и соработува со Единицата за борба против трговија со луѓе во Министерството за внатрешни работи и невладината организација „Отворена Порта - Ла Страда“, за изнаоѓање нови начини за унапредување на помошта на бегалците и мигрантите и за идентификација на потенцијалните жртви од трговијата со луѓе по западно-балканските миграциски рути.