Мисија на ОБСЕ во Скопје
Добро владеење
Со цел да се зајакне демократското владеење и да се поттикнат поблиски и поконструктивни меѓуетнички односи, Мисијата работи со институциите на локалната и централната власт на иницијативи кои ги поддржуваат принципите на демократското владеење и вредностите кои произлегуваат од Охридскиот рамковен договор. Исто така, им помага на клучните владини тела и државните функционери, поефикасно да одговорат на предизвиците како што се спроведување на принципите на правична застапеност, транспарентност и отчетност во јавната администрација, употребата на јазиците или пренесување на надлежностите и ресурсите на локално ниво.