Конкурс за студентски есеи
Отворен за: студенти на дипломски и постдипломски студии на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, Универзитетот „Св. Климент Охридски“ во Битола и Југоисточен Европски Универзитет.
Краен рок за поднесување на есеите: 5 декември 2023
Награди: трите најдобри есеи ќе добијат ваучери за ИТ опрема
Проектот „Зајакнување на владеењето на правото и човековите права во Северна Македонија III“ има за цел да го зајакне владеењето на правото и човековите права преку спроведување на меѓународните стандарди и обврски на ОБСЕ во областа на правосудството и темелните права, во согласност со стратешките приоритети на Северна Македонија. Проектот е насочен кон различни предизвици во областите на независноста и непристрасноста на правосудството, кривичното право, борбата против корупцијата, дискриминацијата, родовата рамноправност и темелните права во Северна Македонија, кои што се дел од владините документи за јавна политика и меѓународните експертски проценки.
По успешното завршување на серијата предавања за борба против корупцијата, организирани во соработка со четири национални универзитети (Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, Универзитет „Гоце Делчев“ - Штип, Универзитет „Св. Климент Охридски“ Битола и Универзитетот на Југоисточна Европа), и покажаниот интерес на студентите, а со цел да се поттикне активната вклученост во борбата против корупцијата, Мисијата на ОБСЕ во Скопје организира натпревар во пишување на есеи за студенти. Натпреварот за есеи беше инспириран од покажаниот интерес на студентите кои учествуваа на предавањата за борба против корупцијата, каде добија инспиративни предавања од неколкумина, академици, професионалци и активисти во областа на борба против корупцијата.
Авторите на трите најдобри есеи ќе добијат ваучери за купување на ИТ опрема. Рокот за испраќање на есеите е до 5 декември 2023.
Есеите треба да бидат базирани на добро фактичко разбирање за комплексната природа на корупцијата и претставување на реалистични идеи за намалување на корупцијата. Авторите треба да имаат еден или повеќе аргументи поврзани со избраната тематска анализа, кои треба да бидат разработени и поддржани со некои веродостојни извори од академската, правната или политичката литература. Следствено, авторите се поттикнуваат да го изложат своето лично мислење, но треба да се осигураат дека таквото мислење е базирано на веродостојни и убедливи докази. Есеите треба да бидат напишани на добро структуриран и јасен начин, со соодветна употреба на јазикот.
Есеите треба да се базираат на една од следните општи теми:
- Корупција: проблем на културата или институциите
- Корупција и избори
- Корупција и јавни набавки
- Корупција и род
Овие теми служат како генерален правец, но авторите имаат слобода да ги напишат есеите со поспецифичен фокус, се додека се во рамки на една од четирите општи теми.
Есеите ќе бидат анонимно евалуирани од комисија од три професори, кои ќе ги оценуваат есеите според следните критериуми:
- Тема на есејот и релевантност (макс. 25 поени)
- Креативност и оригиналност на предложените аргументи и решенија (макс. 25 поени)
- Аргументација и употреба на докази и извори (макс. 25 поени)
- Јазик, структура и јасност (макс. 25 поени)
Есеите треба да бидат напишани на англиски јазик, со употреба на Times New Roman, големина на фонт 12 и проред 1.5, и треба да бидат долги помеѓу 1400 и 1600 зборови (3 страници). Подолгите есеи нема да бидат разгледани.
Есеите треба да бидат оригинална работа на авторите. Секој знак на плагијаризам (вклучувајќи го користењето на Chat GPT) ќе биде казнет со исклучување од натпреварот.
Инфо сесија
За заинтересираните студенти, Мисијата на ОБСЕ во Скопје ќе организира онлајн информативна сесија, со подетални упатства за подготовка на конкурентен есеј, една недела пред крајниот рок за испраќање на есеите. За добивање на информации за точното време и датум за сесијата и zoom линк, испратете електронска порака на Svetlana.Crvenkovska@osce.org со вашите информации.
Процес на аплицирање
Инструкциите за конкурсот за есеи се достапни и на англиски и на албански јазик.
Авторите треба да ги испратат своите есеи на Svetlana.Crvenkovska@osce.org до 5 декември 2023 како PDF документ. За да се олесни процесот на анонимна оценка, авторите треба да го наведат своето целосно име и презиме и името на универзитетот во пријавата испратена по е-пошта, но не и во испратениот PDF документ.