Втор отворен повик за предлози за фондот за интегрирано образование
Отворен за: Јавни училишта, факултети за обука на наставници/педагошки факултети и општини.
Можност за финансирање: До 5000 евра по апликација/повик
Период на имплементација: јуни 2024 - Јуни 2025 година
Краен рок за поднесување: 30 април 2024 година
Упатство за апликантите за грант
Градење нови мостови
Проектот „Градење нови мостови“ (ГНМ) се надоврзува на Фондот за градење мостови (ГМ) кој воведе модел за интегрирано образование во Северна Македонија по пат на поддршка на училиштата, општините и граѓанските организации (ГО-и) за обединување на децата од различно потекло и јазици преку заеднички воннаставни активности.
Овој нов проект понатаму има за цел градење инклузивни општества кои го негуваат и се гордеат со културниот плурализам и ја почитуваат толеранцијата, дијалогот и соработката, во клима на меѓусебна доверба и разбирање како најдобри гаранции на социјалниот мир и безбедноста.
ГНМ е моментално поддржан од Кралството Норвешка, Република Полска, Големото Војводство Луксембург и Соединетите Американски Држави.
Цели на Фондот за интегрирано образовани (ФИО)
Општата цел на Фондот за интегрирано образование е да ги зајакне меѓуетничките односи и социјалната кохезија во училишните средини преку зголемени практики на интегрирано образовние и меѓукултурни размени. Фондот има за цел е да ја зголеми меѓуетничката интеракција, разбирањето и интеграцијата помеѓу децата и младите преку мотивирање и финансиска поддршка на повеќејазични училишта (основни и средни), и/или впарени еднојазични училишта со различни наставни јазици, како и педагошки установи за спроведување заеднички наставни часови и воннаставни активности.
Посебните цели на ФИО се:
- Зајакнување на меѓуетничките односи помеѓу децата и младите од различни јазици и културно потекло преку заеднички наставни часови;
- Поттикнување активности што даваат простор за меѓуетнички ангажман во согласност со училишните програми и министерските упатства;
- Поддржување одржливи иницијативни кои лесно би можеле лесно да се повторат во иднина;
- Всадување меѓусебна почит и надминување на етничките стереотипи и предрасуди;
- Развивање чувство на заедница и припадност преку универзални вредности.
Во рамките на вториот повик за предлози, ФГН обезбедува грантови до 5000 евра за подобни училишта, факултети за обука на наставници, и општиниза проектни предлози што ќе се спроведат помеѓу јуни 2024 и јуни 2025 година.
Пакет за апликација
За да го добиете образецот за апликација, испратете е-пошта на bnb.mk@osce.org и наведете ги вашите информации за контакт.
Пакетот за апликација е достапен на македонски, албански и англиски. Апликациите мора да се поднесат на англиски јазик. Верзија на македонски и/или албански јазик може да се достави заедно со англиската верзија. Во случај на несовпаѓање, англиската верзија на образецот ќе се смета за меродавна.
Крајниот рок за вториот отворен повик е 30 април, 2024 година
Апликациите може да се поднесат директно до: BNB.mk@osce.org
Туторска поддршка: Проектниот тим на „Градење нови мостови„ обезбедува техничка поддршка за сите апликанти во форма на инструкции во текот на периодот на поднесување. Ве молиме поднесете го вашето барање за техничка поддршка во писмена форма на горенаведената адреса. Во насловот на вашата електронска порака наведете „Потребна е туторска поддршка за апликацијата за ГНМ“. Во електронската порака наведете каков тип поддршка ви е потребна.
Постапка за оценување: Апликациите прво ќе бидат разгледани од страна на Извршната канцеларија на Фондот за ГНМ за да се утврди нивната подобност. Конечната одлука за доделување ќе биде донесена од независен советодавен одбор.
За прашања во врска со отворениот повик можете да го контактирате нашиот тим:
Фљорин Реџепи | Тел: 070 358298
Е-пошта: bnb.mk@osce.org
Критериуми за подобност
1.Подобност на апликантот и неговите партнери
За да ги исполни условите за грант, апликантот мора да биде јавно училиште, факултет за обука на наставници/педагошки факултет или општина.[1] Доколку апликантот е училиште со повеќе од еден наставен јазик, тогаш апликантот може да аплицира како единствен апликант, но мора да вклучи ученици од најмалку два наставни јазици од оние што се користат во училиштето. Доколку училиштето што аплицира е еднојазично, во апликацијата мора да се вклучи најмалку едно партнерско училиште со различен наставен јазик. Доколку апликантот е факултет за обука на наставници, се применува истото правило – апликантот мора да вклучи училишта со најмалку два различни наставни јазици и/или партнерски факултет за обука на наставници со најмалку еден различен наставен јазик.
Доколку бидат финансирани, на почетокот на проектните активности, секое училиште/факултет за обука на наставници примател на грантот ќе треба да спроведe базично истражување за да се измери почетниот степен на социјална кохезија помеѓу момчињата и девојчињата учесници. Конкретно, истражувањето има за цел да ги измери перцепциите за припадност, вклученост, толеранција, и учество како значајни домени на социјалната кохезија. Истражувањето ќе го развие Одделението за ГНМ, а ќе го спроведат примателите на грантови. Учесниците ќе добијат уверување за доверливоста на информациите дадени во истражувањето. Сите податоци ќе бидат безбедно складирани и одржувани на серверот на Мисијата. Наодите од базичното истражување ќе бидат вклучени во конечниот извештај за самооцена.
2. Подобност на проектните активности
2.1 Наставни часови: Училишта и факултети за обука на наставници/педагошки факултети.
Заеднички наставни часови се задолжителни за училиштата и факултетите за обука на наставници во рамките на Фондот за интегрирано образование.
Училиштата и факултетите за обука на наставници/педагошките факултети што аплицираат во рамките на овој повик мора да ги пополнат деловите I, II, III, IV и VI, VII, VIII и IX од апликацијата. Ве молиме имајте предвид дека иако дел V (воннаставни активности) е изборен за училиштата и факултетите за обука на наставници, силно се препорачува да се вклучат некои дополнителни воннаставни активности како дел од апликацијата. Ве молиме имајте предвид: Буџетот за воннаставни активности не треба да надминува 250 евра.
Фондот за интегрирано образование има силен фокус на заеднички наставни часови помеѓу децата од различни наставни јазици и етничко потекло во согласност со „Упатството за организирање заеднички наставни часови“ подготвено од Министерството за образование и наука.[1] Спроведувањето на заедничките наставни часови (пр. физичко образование, англиски јазик или кој било друг изборен предмет што подржува емоционален и социјален развој) треба да има за цел да гарантира континуитет и зачестеност на контактите помеѓу истата група ученици/студенти во текот на два семестри на неделна/двонеделна основа.
Имајте предвид: Заедничките наставни часови мора да бидат во согласност со националната наставна програма.
Треба да се осигури флексибилна употреба на јазиците во текот на спроведувањето на заедничките наставни часови (и воннаставни активности). Во согласност со министерските упатства, за време на спроведувањето на заедничките часови, наставниците се поттикнуваат да зборуваат на својот мајчин јазик без да прибегнуваат кон симултан превод, туку наместо тоа да ги парафразираат релевантните информации за учениците да имаат можност да ги следат часовите на различни јазици и да бидат изложени на јазиците на другите.
За овој повик, учениците учесници од основно училиште мора да бидат помеѓу прво и седмо одделение во моментот на аплицирањето, додека оние од средно училиште и факултетските студенти во прва и втора години на студии. Во однос на стручните училишта, студентите треба да бидат во првата година од образованието во моментот на аплицирање.
2.2 Воннаставни активности: Училишта/факултети за обука на наставници и општини (изборно)
На училиштата и факултетите за обука на наставници силно им се препорачува да ги дополнат планираните заеднички наставни активности со неколку воннаставни активности. Потребно е јасно да се образложи како воннаставните активности ги поддржуваат заедничките наставни часови. Воннаставните активности може да вклучуваат дебатни клубови и натпревари, подготовка на заеднички билтен, уметнички изведби, итн.
Ве молиме имајте предвид дека особено внимание ќе добијат воннаставните активности што ги вклучуваат родителите на избраните ученици/студенти.
Воннаставните активности може исто така да се организираат директно од општината што аплицира за да го промовира проектот и вклучените училишта без упатување на конкретен наставен предмет.
Проектните предлози мора да обезбедат вклученост на наставници од различни јазици и потекло во заедничкото креирање на заедничките наставни и воннаставни активности коишто се вистинска „мешавина“ на:
- Рамномерна застапеност на деца од различни наставни јазици, ангажирани во соработка кон заедничка цел во текот на заедничките наставни активности;
- Еднакво учество на момчиња и девојчиња, како и на оние со посебни потреби и на активни родители/старатели;
- Исклучување на каков било политички дискурс за време на наставните и воннаставните активности.
3. Буџет
Фондот за ГНМ не исплаќа парични средства туку обезбедува набавка на потребните материјали и/или услуги за спроведување на активностите во согласност со правилата и процедурите на Мисијата на ОБСЕ во Скопје. Апликантот мора да обезбеди процена на предвидените трошоци по што Извршната канцеларија конечно ќе одлучи за тоа кои набавки се прифатливи. Ве молиме користете го буџетскиот документ за соодветно да го составите вашиот буџет.
Градиме нови мостови е кофинансирана активност, која се потпира на кофинансирањето на трошоците од страна на апликантот, како што се трошоците за канцелариски простории, режиски трошоци, внатрешна експертиза, итн. Обемот на кофинансирањето што апликантот ќе може да го обезбеди ќе биде еден од критериумите врз основа на кои Проектот ќе ги оценува апликантите и ќе доделува грантови.
4. Претставник на учениците и консултации со учениците
Воннаставни активности што вклучуваат претставници на учениците од избрани групи мора да обезбедат дека тие се директно и активно вклучени во процесот на идентификување, дизајнирање и спроведување на активностите. Нивниот придонес за наративниот извештај треба да се даде по завршувањето на проектот. Целта на ова барање е да се обезбеди дека предлозите вклучуваат активности кои самите студенти ги сметаат за најизводливи и интересни, со што конечно се поддржува развојот на култура на отворен проток на идеи помеѓу наставниците и учениците. Доколку проектниот предлог вклучува застапеност на повеќе од едно училиште во воннаставните активности, мора да има барем по еден Претставник на учениците од секое.
Вклучувањето на Претставник на учениците не е услов за предлозите од основни училишта кога во проектот се вклучени ученици од седмо или пониско одделение. Кога е можно, таквите апликанти треба да се консултираат со учениците при изработката на проектот. Одлуката за тоа кој тип на консултативни активности најдобро ќе функционираат во одреден случај е оставена на апликантот и на партнерските училишта, земајќи ги предвид специфичните околности (како што е возраста на децата/учениците што ќе учествуваат во проектот). Училиштето треба да добие одобрение од родителите за сите ученици под 18 години кои се вклучени во проектните активности.
5. Известување за одлука
Апликантите ќе бидат известени преку е-пошта за одлуката на Советодавниот одбор на Фондот на ГНМ во врска со нивната апликација. Доколку апликацијата биде условно одобрена, апликантот ќе ги добие коментарите и препораките на Одборот за тоа како да ја ревидира апликацијата. Доколку апликацијата биде одбиена, апликантите ќе добијат соодветно образложение.
Апликациите што се најдоследни на целите утврдени во ова Упатство, имаат највисок квалитет, очекувано влијание, одржливост и исплатливост ќе имаат најголема шанса да бидат избрани. Извршната канцеларија на Фондот за ГНМ ќе ја обезбеди потребната поддршка за градење капацитети на наставниците, администраторите и учесниците во форма на вебинари и упатства за управување со проекти и примената на интегрираното образование.
6. Советодавен одбор на Фондот за ГНМ
Советодавниот одбор на новиот Фонд за ГНМ е клучното тело кое ги оценува апликациите. Како одлучувачко тело на шемата за финансирање на ГНМ, Одборот ги оценува проектните предлози и донесува одлуки за доделување. Предвидено е Одборот да биде составен од заменик-шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, раководителот на проектот на ГНМ (раководител на Одделот за човекова димензија), вишиот советник за родови прашања/ФТРП (или заменикот ФТРП, или друг претставник од Одделот за родови прашања), националниот програмски офицер задолжен за образовното портфолио, вишиот офицер за демократизација и еден претставник од Отсекот за мониторинг.