Прв отворен повик за предлози за младински меѓукултурен уметнички фонд
Отворен за: Граѓански организации, општини, културни фондации.
Можност за финансирање: До 7000 евра по апликација/повик
Период на имплементација: јуни 2023 - мај 2024
Краен рок за поднесување: април 30, 2023 година
Упатство за апликантите за грант
Градење нови мостови
Проектот „Градење нови мостови“ (ГНМ) се надоврзува на Фондот за градење мостови (ГМ) кој воведе модел за интегрирано образование во Северна Македонија за поддршка на училиштата, општините и граѓанските организации (ГО-и) за обединување на децата од различно потекло и јазици преку заеднички воннаставни активности.
Овој нов проект понатаму има за цел градење инклузивни општества кои го негуваат и се гордеат со културниот плурализам и ја почитуваат толеранцијата, дијалогот и соработката, во клима на меѓусебна доверба и разбирање како најдобри гаранции на социјалниот мир и безбедноста.
ГНМ е моментално поддржан од Кралството Норвешка, Република Полска и Големото Војводство Луксембург.
Цел на Младинскиот меѓукултурен уметнички фонд (ММУФ)
Општата цел на Младинскиот меѓукултурен уметнички фонд (ММУФ) е да го зајакне капацитетот на младите без оглед на етничката поделба за промовирање меѓуетнички дијалог, граѓански вредности и борба против дискриминацијата преку активности засновани на уметност и меѓукултурни иницијативи. ММУФ ќе додели грантови на избрани ГО-и кои работат со момчиња и девојчиња и културни организации со силно искуство во областите на јакнење на младите и промовирање на граѓанските вредности преку уметност и меѓукултурни активности.
Приоритетите на ММУФ се:
- Да се зајакнат меѓуетничките односи и соработката помеѓу младите од различни јазици и културно потекло преку заеднички активности;
- Да се воспостави меѓусебно почитување и борба против етничките стереотипи и предрасуди преку развивање чувство на заедништво и припадност;
- Да се подигне свеста за важноста од граѓанското учество како алатка за интеграција;
- Да се промовира уметноста како медиум за меѓукултурна комуникација и меѓусебно разбирање.
Подобните кандидати вклучуваат граѓански организации, културни субјекти/фондации и општини.
Во рамките на првиот повик за предлози, ММУФ обезбедува грантови до 7000 евра за подобни ГО-и/културни субјекти и општини за проектни предлози што ќе се спроведат помеѓу јуни 2023 и мај 2024 година.
Младински меѓукултурен уметнички фонд (ММУФ)
Пакет на апликација
Пакетот на апликацијата може да се преземе преку страницата на Мисијата на ОБСЕ во Скопје на македонски, албански и англиски јазик. Апликациите мора да се поднесат на англиски јазик. Верзија на македонски и/или албански јазик може да се достави заедно со англиската верзија. Крајниот рок за првиот отворен повик е 30 април, 2023 година.
Ве молиме имајте предвид, PDF-фајловите се уредуваат, по пополнувањето на апликацијата погрижете се да го зачувате PDF документот пред да го испратите.
Апликациите може да се поднесат директно до: BNB.mk@osce.org
Апликациите прво ќе бидат разгледани од страна на Извршната канцеларија на Фондот за ГНМ за да се утврди нивната подобност. Конечната одлука за доделување ќе биде донесена од независен советодавен одбор.
За прашања во врска со отворениот повик можете да го контактирате нашиот тим на BNB.mk@osce.org.