Соработката е важна! Интерактивна кампања на ОБСЕ за глобална визија и соработка
ВИЕНА, 17 април 2015 – Во новата интерактивна кампања која започнува денеска, ОБСЕ ги кани сите заинтересирани да испратат фотографии, видеа и пораки на социјалните мрежи за тоа како заедно да направиме безбедноста да стане реалност и да го промовираме мирот преку соработка.
Кампањата „Соработката е важна“ има цел да покаже дека сите, а особено глобалната заедница, имаат улога во напорите да се направи светот побезбедно и помирно место. Кампањата е дел од серијата настани за одбележување на 40-годишнината од потпишувањето на Хелсиншкиот финален акт, најважниот основачки документ со кој се создаде ОБСЕ, но и документ кој сè уште ги дава насоките за сеопфатниот пристап во безбедноста.
Јавноста може да учествува користејќи го хаштагот #WeCooperate и #OSCE, преку Твитер, Инстаграм или директно на веб страницата www.osce.org/wecooperate како и на Фејсбук страницата на ОБСЕ. Најдобрите предлози ќе бидат објавени на веб страницата и на секои две недели ќе бидат доделувани награди кои одразуваат различни аспекти од безбедноста и соработката. Поднесувачот на најдобриот предлог ќе биде гостин на ОБСЕ. Деталите од кампањата и правилата се објавени на веб страницата www.osce.org/wecooperate.