Ресурси
Антисемитски кривични дела од омраза
Еврејските заедници се изложени на антисемитизам со милениуми, а антисемитизмот беше најбрутално изразен преку Холокаустот кога беа убиени милиони Евреи.
И покрај поуките што треба да се извлечат
од овој ужасен настан, еврејските заедници и денеска се мета на антисемитизам,
во појавни облици како што се теории на
заговор па сè до реторика на нетолеранција. Многу често, таквата нетолеранција
може да прерасне во антисемитски кривични дела од омраза, вклучително и насилни напади врз Евреите. Ефектот од тие
кривични дела може да создаде страв кај
луѓето со еврејско потекло да присуствуваат на верски обреди, да носат верска облека или симболи, или да се воздржуваат од
јавно претставување како Евреи во нивниот
културен или за верски идентитет. Заканите
од антисемитските кривични дела од омраза може дури и да ги присилат Евреите да
емигрираат. Антисемитизмот ги засега не
само Евреите, туку и општеството во целина. Неговото постоење, исто така, посочува
на поголеми трендови на нетолеранција
кон други групи, и секој поединец има своја
улога во сузбивањето на оваа и сите облици на нетолеранција.
Ставовите, мислењата, заклучоците и останатите информации изразени во овој документ, не мора да го изразуваат ставот на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ), освен доколку не е експлицитно наведено дека ОБСЕ е автор на документот.