Ресурси
Родот, различностите и правдата: Преглед и препораки
Овој документ содржи анализа и препораки за создавање поинклузивен правосуден систем, и истите се засноваат на резултатите од студијата за процена на потребите спроведена од страна на ОДИХР во 2017 година Истражувањето, кое вклучуваше анализа на постојните документи и собирање теренски податоци, беше структурирано околу две посебни, но меѓусебно поврзани теми: a) аспектите на родот и различностите меѓу факторите во правосудниот систем во однос на вработувањата и изборот на работна сила и рамноправноста на работното место; и б) ефектите од родот и различностите меѓу факторите во правосудниот систем врз правичноста на исходите, според перцепцијата на крајните корисници на правосудниот систем.
Ставовите, мислењата, заклучоците и останатите информации изразени во овој документ, не мора да го изразуваат ставот на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ), освен доколку не е експлицитно наведено дека ОБСЕ е автор на документот.