Учество во изборите на лицата со попреченост и изборната администрација во Северна Македонија
Истражувањето е резултат на заедничката соработка помеѓу проектот „Поддршка на изборните реформи во Западен Балкан“ на Канцеларијата за демократски институции и човекови права (ОДИХР) при Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) финансиран од Европската Унија и Австриската агенција за развој, и Меѓународната фондација за изборни системи (ИФЕС) во рамките на проектот „Поддршка на изборните реформи во Северна Македонија“ на владата на Швајцарија.
Рамката за оценка е Конвенцијата на Обединетите нации (ОН) за правата на лицата со попреченост (КПЛП), која Северна Македонија ја ратификуваше во 2011 година, како и заложбите на ОБСЕ и други меѓународни стандарди за демократски избори и претходните препораки на мисиите за набљудување избори на ОДИХР.
Лесно разбирлива верзија на овој извештај е достапна тука.
Ставовите, мислењата, заклучоците и останатите информации изразени во овој документ, не мора да го изразуваат ставот на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ), освен доколку не е експлицитно наведено дека ОБСЕ е автор на документот.