ОБСЕ/ОДИХР ја започна набљудувачката мисија за парламентарните избори 2011 во Скопје
СКОПЈЕ,6 мај2011 – Канцаларијата на ОБСЕ за демократски институции и човекови права (ОДИХР) денеска официјално ја отвора Набљудувачката мисија во Скопје за набљудување на предвремените парламентарни избори закажани за 5 јуни.
Мисијата предводена од Џулијан Пил Јејтс, е отворена по покана испратена од страна на министерот за надворешни работи. Мисијата е составена од 12 меѓународни експерти кои ќе работат во канцаларијата во Скопје и 20 долгорочни набљудувачи кои ќе бидат распоредени на територијата на целата држава во текот на следната недела.
Покрај долгорочните набљудувачи ОДИХР даде препорака до земјите членки на ОБСЕ да обезбедат 300 краткорочни набљудувачи кои би пристигнале во земјата неколку дена пред денот на изборите. Краткорочните набљудувачи ќе ги набљудуваат отворањето на избирачките места, гласањето, броњето на гласови и табелирање на резултати.
Мисијата ќе ги оценува изборите од аспект на усогласенност со принципите за демократски изборни процеси, вклучувајќи ги и обврските превземени од страна на сите земји членки на ОБСЕ како и националната законска регулатива.
Набљудувачите ќе го анализираат изборното законодавство и ќе ги следат активностите на кампањата, работата на изборната администрација и релевантните владини тела, имплементацијата на релевантната легислатива, медиумското окружување и решавањето на изборните спорови.
Набљудувачката мисија на ОДИХР ќе ги набљудува изборите заедно со делегацијата на Парламентарното Собрание на ОБСЕ и други парламентарни делегации. Претседавачот со ОБСЕ, го именуваше Роберт Батели како Специјален координатор кој ќе ја предводи краткорочната набљудувачка мисија на ОБСЕ.
Изјава за прелиминарните наоди и заклучоци ќе биде објавена ден после изборите. Финалниот извештај за набљудувањто на целиот изборен процес ќе биде објавен за околу осум недели после завршувањето на набљудувачката мисија.
Набљудувачката мисија за изборите на ОДИХР и Мисијата на ОБСЕ во Скопје функционираат одделно, согласно своите специфични мандати.