Парламентарните избори главно ги исполнија меѓународните стандарди, но изборните нерегуларности оставија дамка
СКОПЈЕ, 6 јули 2006 – Иако парламентарните избори од 5 јули во поранешната југословенска Република Македонија главно ги исполнија меѓународните стандарди за демократски избори, сепак, примери на насилство и заплашувања ја засенија капањата. Како заклучок од првичниот извештај на Меѓународната набљудувачка мисија на изборите, а објавен денес, денот на изборите помина во мирна атмосфера со изолирани случаи на сериозни неправилности.
Изборите ги набљудуваа околу 380 набљудувачи ангажирани од Канцеларијата за демократски институции и човекови права (ОДИХР) на ОБСЕ, како и Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПАЦЕ).
”Беа забележени бројни подобрувања во изборниот процес кои може да се оценат како резултат од спроведувањето на претходно дадените препораки. Сепак, сериозни инциденти за време на изборната кампања и денот на изборите и понатаму остануваат потсетник дека сторителите мора да одговараат за стореното, согласно постоечките закони,“ изјави Одри Гловер, шеф на мисијата на ОДИХР. Организацијата спроведува набљудување на изборите во оваа земја по деветти пат.
Мевлут Чавушолу, предводник на делегацијата на Парламентарното собрание на Советот на Европа го изјави следното: “Вчера граѓаните на оваа земја имаа можност да одлучат, а тоа и го сторија, за политичката насока на нивната земја, и тоа општо земено, на демократски начин. Не смее да се дозволи сериозните, но изолирани нерегуларности кои беа забележани да фрлат сенка на покажаниот демократски напредок. Жалиме за фактот што за некои насилството и манипулацијата се сеуште прифатливи начини за остварување на нивните политички цели.
Ова заслужува единствено осуда. Сепак, ја отпоздравуваме вољата и капацитетот на граѓаните и изборниот систем за преземање поправни активности за справување со такви злоупотреби, што само по себе е знак на политичка зрелост.”
Гласањето и броењето на гласовите се изведе прописно и мирно во голем дел од земјава, но изолирани, сериозни нерегуларности, како купување на гласови, полнење на гласачки кутии, притисок и заплашувања го нарушија изборниот процес во неколку општини. Иако набљудувачите не воочија умислени обиди за манипулирање со записниците од гласачките места во текот на броењето на гласовите, сепак, беше известено за значајни проблеми во постапката.
По отворената регистрација за политичките партии, следеше конкурентна кампања која на гласачкото тело му понуди широк избор. Сепак, извесен број насилни инциденти ја засенија првата половина од изборната кампања. Исто така, набљудувачите забележаа случаи на злоупотреба на јавни средства, особено од страна на градоначалници.
Во целост, електронските и печатените медиуми обезбедија достапност на граѓаните до различни гледишта, со исклучок на јавниот сервис, Македонската телевизија, која во своите известувања искажа наклонетост кон партиите на власт. Тонот на медиумите, општо земено беше умерен, со ограничени партиски коментари во приватните медиуми.
Со оглед на тоа што новиот усогласен Изборен закон беше завршен три месеци пред изборите, сепак тој обезбедува подоследна основа за спроведување на истите, вклучувајќи ги тука и одредбите за зголемена застапеност на жените и националните малцинства.