Претставници на мисиите на ОБСЕ и граѓанското општество споделуваат искуства од следење на судски процеси на состанок во Скопје
Правници од седум мисии на ОБСЕ и претставници на 29 невладини организации од регионот на ОБСЕ разменија искуства од следењето на судски процеси на состанокот во организација на Канцеларијата на ОБСЕ за демократски инситуции и човекови права (ОДИХР) и Мисијата на ОБСЕ во Скопје, од 24 до 26 април 2017 година во Скопје.
На Годишниот состанок за следење судски процеси присуствуваа вкупно 54 учесници, меѓу кои 34 жени и 20 мажи, кои дискутираа за предизвиците во врска со пристап до судот и предметните списи како и за следењето на високо профилирани случаи и случаи кои вклучуваат ранливи категории, како малолетниците и етничките малцинства.
„Следењето на судските процеси е клучно во оценувањето на усогласеноста со стандардите за правично судење и лоцирањето области каде што е потребно понатамошно подобрување“ – рече амбасадорката Нина Суомалаинен, шефица на Мисијата на ОБСЕ во Скопје. Таа додаде дека во 2016 година Мисијата следела повеќе од 100 судски рочишта на високо-профилирани случаи, додека вкупно 450 сесии од кривични постапки биле мониторирани преку имплементирачкиот партнер, невладината коалиција Сите за правично судење.
Мариа Алчиди, офицер за владеење на правото во ОДИХР нагласи дека „особено кога судството работи под голем притисок од медиумите и јавноста, по особено насилен криминал, следењето на судските процеси може да обезбеди објективен приказ на процедуралната правичност.“
„Во пост-конфликтните подрачја со етнички поделени општества следењето на случаите за воените кривични дела може да биде моќна мерка за градење доверба“ – рече Гојко Пантовиќ, национален офицер за правни прашања од Мисијата на ОБСЕ во Србија.
Во текот на состанокот претставникот на ОДИХР ги сподели и плановите за идните регионални активности во областа на владеење на правото, вклучително и работа со судските совети заради унапредување на нивната улога во поддржувањето на независноста на судството.
ОДИХР повеќе од една деценија организира годишни состаноци за следење на судски процеси со цел воспоставување платформа за споделување на добри практики и предизвици во следењето на судските процеси за правниците од мисиите на ОБСЕ и граѓанското општество. Ова е дел од пошироката работа на ОДИХР која цели кон унапредување на помошта на земјите-членки во развивањето на правосудни системи кои се придржуваат до владеењето на правото и го почитуваат правото на правично судење.
During the meeting, the ODIHR representative also shared with participants plans for future regional activities in the rule of law area, including work with judicial councils aiming to promote their role in upholding the independence of the judiciary.
ODIHR has been organizing Annual Trial Monitoring Meetings for more than a decade with the objective of establishing a platform for sharing good practices and challenges in trial monitoring for legal professionals from OSCE field operations and civil society. This is part of the Office’s broader work to better assist participating States in developing justice systems that abide by the rule of law and respect the right to a fair trial.