ПОРАНЕШНА ЈУГОСЛОВЕНСКА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА, ПРЕДВРЕМЕНИ ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ, 5 јуни 2011: Конечен извештај
По приемот на поканата од Министерството за надворешни работи на поранешната југословенска Република Македонија и врз основа на препораката од Мисијата за оценка на потребите, Канцеларијата за демократски институции и човекови права на ОБСЕ (ОБСЕ/ОДИХР) испрати Набљудувачка мисија за избори (НМИ) за предвремените парламентарни избори кои се одржаа на 5 јуни. Изборите беа оценувани врз основа на тоа дали се во согласност со заложбите на ОБСЕ и другите меѓународни стандарди за демократски избори, како и домашното законодавство. За набљудувањето на денот на изборите НМИ на ОБСЕ/ОДИХР ги здружи своите напори со делегациите на Парламентарното собрание на ОБСЕ и Парламентарното собрание на Советот на Европа.
Во Изјавата за прелиминарните наоди и заклучоци, што беше објавена на 6 јуни, беше донесен заклучок дека „предвремените парламентарни избори беа натпреварувачки, транспарентни и добро спроведени во целата земја, иако одредени аспекти заслужуваат внимание.“ Таквите аспекти вклучуваат мерки за обезбедување соодветно одделување на државните од партиските структури, целосна ревизија на избирачкиот список, како и појаснување на одредени одредби од Изборниот законик. На денот на изборите, избирачите можеа слободно да го изразат својот избор во мирна атмосфера, покрај одредени неодговорни тврдења на политички партии за постоење неправилности...
Ставовите, мислењата, заклучоците и останатите информации изразени во овој документ, не мора да го изразуваат ставот на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ), освен доколку не е експлицитно наведено дека ОБСЕ е автор на документот.