Ресурси
Упатства за набљудување на изборните кампањи на социјалните мрежи
Интернет страниците на социјалните мрежи ги придвижија изборните кампањи кон нова ера на комуникација. Иако интернет страниците на социјалните мрежи на гласачите им обезбедуваат простор каде тие можат да го зголемат директното учество во кампањите, и истовремено на изборните кандидати им овозможуваат подобро да мобилизираат поддршка, особено за време на изборните кампањи, сепак тоа подразбира и широк спектар на предизвици.
Упатствата имаат за цел да се обезбеди рамка, главно за набљудувачите на изборите, за соодветна оценка на влијанието на клучните аспекти на онлајн кампањата врз севкупниот интегритет на изборниот процес и изборната кампања. Овие аспекти вклучуваат онлајн активности на изборните кандидати, ширење на специфични видови на содржини релевантни за изборниот процес, политичко рекламирање и рекламирање во кампања, и заштита на приватните податоци.
Ставовите, мислењата, заклучоците и останатите информации изразени во овој документ, не мора да го изразуваат ставот на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ), освен доколку не е експлицитно наведено дека ОБСЕ е автор на документот.