Перцепции, ставови и предизвици на младите во Северна Македонија - Истражување за млади и безбедност
Истражувањето за млади и безбедност дава преглед на перцепциите, погледите и ставовите на младите за безбедноста и сигурноста во Северна Македонија, нивното учество во формални и неформални мировни процеси, мировната и безбедносната агенда и прашања поврзани со борба против и спречување насилен екстремизам во Северна Македонија. Истражувањето опфати младинско насилство, сајбер-малтретирање, исклучување и маргинализација на сите нивоа, недостаток на доверба во властите и односите меѓу заедниците во изминатата деценија.
Истражувањето има за цел:
- 1. Процена на перцепциите, ставовите и предизвиците на младите во однос на безбедноста и сигурноста во Република Северна Македонија;
- 2. Истражување на безбедносните прашања и предизвици со кои се соочуваат младите луѓе во тековниот општествено-политички контекст;
- 3. Да се испитаат начините на кои младите се погодени од безбедносните политики и како може да се зголеми практиката на значајно младинско учество во безбедносните политики и програми;
- 4. Истражување на изворите на насилство меѓу младите, потенцијалниот придонес на младите во безбедноста, сигурноста и градењето отпорност во нивните заедници;
- 5. Истражување на факторите што влијаат на меѓуетничките односи и кохезијата меѓу младите во земјата;
- 6. Собирање информации што го поддржуваат стратегиското планирање на Мисијата. Целна група на ова истражување беа млади од 15 до 29 години од Република Северна Македонија.
Во примерокот беа вклучени вкупно 1 235 испитаници преку телефонската анкета. Дополнително, истражувачкиот тим спроведе пет (5) полуструктурирани интервјуа со засегнатите страни и осум (8) дискусии во фокус-групи во осумте плански региони во градовите Скопје, Битола, Тетово, Свети Николе, Штип, Струмица и Струга со вкупно 63 учесници. Истражувањето беше спроведено во периодот од 27 септември до 10 октомври 2023 година, додека дискусиите во фокус-групите се одржаа од 4 до 26 октомври 2023 година.
Истражувањето е достапно на англиски, македонски и албански јазик.
Ставовите, мислењата, заклучоците и останатите информации изразени во овој документ, не мора да го изразуваат ставот на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ), освен доколку не е експлицитно наведено дека ОБСЕ е автор на документот.