Ресурси
Прирачник за локални младински совети
Прирачникот за локални младински совети, подготвен во тесно партнерство со Агенцијата за млади и спорт, е практична и вредна алатка и за општинските службеници и за младите во врска со нивниот ангажман во локалните младински совети. Има за цел да го поттикне локалното учество на младите во овие тела во согласност со Законот за младинско учество и младински политики.
Прирачникот содржи практични чекори како да се воспостави локален младински совет, улоги и одговорности и за општинските службеници и за членовите на младинскиот совет и за процесот на примопредавање помеѓу раководството во заминување и новото раководство. Подготвен е на македонски јазик и преведен на англиски, албански, турски, српски и ромски јазик.
Ставовите, мислењата, заклучоците и останатите информации изразени во овој документ, не мора да го изразуваат ставот на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ), освен доколку не е експлицитно наведено дека ОБСЕ е автор на документот.