Заедничка изјава на шефовите на Делегацијата на ЕУ, Американската амбасада, Мисијата на ОБСЕ и Канцеларијата за врски на НАТО во Скопје во врска со вчерашните инциденти во Парламентот
Денес се состанавме да разговараме за вчерашните многу сериозни инциденти во Парламентот и да ја разгледаме безбедносната ситуација.
Го осудуваме во најстрога смисла организираниот напад врз Парламентот кој се случи на 27 април. Изразуваме сериозна загриженост поради тоа што властите не успеаја да го спречат и не ја овозможија неопходната безбедност на членовите на Парламентот и присутните новинари. Нападот на државна институција која е во срцето на демократијата е напад на самата демократија.
Очекуваме дека за овие кривични дела брзо ќе биде спроведена истрага, организаторите и извршителите на нападите ќе бидат изведени пред правдата и дека судовите ќе постапуваат независно. Исто така очекуваме дека државните институции брзо ќе ги извлечат неопходните заклучоци и ќе преземат соодветни мерки.
Ги повикуваме сите субјекти да се однесуваат одговорно и да придонесат кон мирен, демократски процес на кој мора да му се дозволи да оди по својот тек.
Ги повикуваме сите граѓани да бидат воздржани, да избегнуваат провокации и да останат смирени. Со насилство земјата и општеството не може да одат напред.