Претставничката на ОБСЕ за слобода на медиумите алармирана ододлуката на судот во Скопје за продолжување на притворот на новинар
ВИЕНА, 25 јули 2013 - Претставникот на ОБСЕ за Слобода на медиумите, Дуња Мијатовиќ, денес го осуди продолжениот притвор на истражувачкиот новинар, Томислав Кежаровски.
Неодамна, скопскиот Кривичен суд го продолжи притворот на новинарот за уште 30 дена. Тој веќе помина 60 денови во притвор по апсењето на 28 мај, кога беше приведен поради текст напишан во 2008 година во магазинот Репортер 92 каде го откри идентитетот на сведокот во еден случај на убиство.
"Неприфатливо е новинар да биде притворен поради новинарско известување. Јас веќе интервенирав за овој случај двапати минатиот месец. Денес сум особено вознемирена што судот одлучи да го продолжи притворот за нови триесет денови ", рече Мијатовиќ.
Пред три дена, Кежаровски започна штрајк со глад во знак на протест за неговиот продолжен притвор. Тој, како што се дознава, е во лоша психичка и физичка состојба како резултат на притворот. Граѓанското општество и многу колеги на Кежаровски веќе изразија загриженост за неговата ситуација.
"Ги повикувам властите да ги послушаат овие апели на граѓанското општество, и јас исто така апелирам до Томислав Кежаровски да го прекине штрајкот со глад", рече Мијатовиќ.
"Уште еднаш, ја нагласувам важноста да им се овозможи на новинарите да прават истражувачки стории за прашања од јавен интерес, ослободени од заканата од затвор и без да бидат принудени да ги откријат своите извори. Апелирам до властите во Скопје да се разгледа ова прашање како итно и сериозно. Продолжувањето на притворот за Кежаровски веќе има големо влијание врз слободата на медиумите во земјата," заклучи Мијатовиќ.
Првото соопштение кога Кежаровски беше притворен ќе го најдете тука: //www.osce.org/fom/102198