Состанок на Советот на министри на ОБСЕ во Хамбург, Германија, 8 и 9 декември. Во тек е акредитацијата за медиумите
ХАМБУРГ, 18 октомври 2016 г. – 23-от Совет на министри на ОБСЕ ќе се одржи на 8 и 9 декември 2016 г., во Хамбург, Германија.
Нaстанот ќе се одржи на покана на актуелниот претседавач на OБСЕ и германски министер за надворешни работи, Франк Волтер Штајнмајер.
Советот на министри е централно одлучувачко и управувачко тело на ОБСЕ. На состанокот, кој се одржува секоја година, министрите за надворшни работи на 57-те земји-членки на ОБСЕ ќе бидат во можност да ги разгледаат и анализираат активностите на Организацијата и да го зајакнат дијалогот за безбедносните прашања во регионот на ОБСЕ.
Новинарите се поканети да го покриваат настанот кој ќе се одржи на саемот во Хамбург (Hamburg Messe, Messeplatz 1). Пристап за претставниците на медиумите ќе биде обезбеден преку Западниот влез (Eingang West), со пристап од јавната автобуска станица (Sternschanze, метро и градска железница).
Претходна акредитација на претставниците на медиумите е задолжителна. Акредитацијата се одвива врз база на само-регистрација, преку посебна и-мејл адреса.
Ве молиме регистрирајте се на: presse@diplo.de, приложувајќи ги следниве информации:
Цело име, место и датум на раѓање, број на пасош и националност, поштенска адреса и и-мејл адреса, име и матична земја. Само регистрациите на германски и англиски јазик ќе бидат прифатени.
Рокот за пријавување е 18:00 ч., 30 ноември, 2016 година.
За време на Советот на министри, ќе биде обезбедена можност за фотографирање, со ограничен пристап (заеднички фотографии). Списокот на можните заеднички фотографии ќе биде објавен дополнително, и од заинтересираните претставници на медиумите ќе биде побарано да ги наведат своите преференци за една или повеќе заеднички фотографии, преку и-мејл на: presse@diplo.de
Новинарите кои претходно се акредитирале на различни локации на ОБСЕ, сепак ќе треба да ја пополнат посебната акредитација за Советот на министри, согласно горенаведното.
Условите за виза треба да бидат исполнети пред пристигнувањето во Германија. Новинарите на кои им е потребна влезна виза, треба да поднесат барање до соодветните органи, најмалку две недели пред очекуваниот датум на поаѓање.
Сместување: До 24 октомври 2016 г. претставниците на медиумите може да резервираат хотелски соби во Хамбург, за периодот од 6 до 10 декември, на посебната платформа за онлајн резервации (INTERPLAN): https://interplan.eventsair.com/hh-osze16/press/Site/Register
Платформата ќе биде активна до 24 октомври 2016 г. и по овој датум, хотелското сместување ќе треба да се организира преку редовните алатки за резервација.
Детални информации за расположливите капацитети за медиумите, инструкциите за акредитација, резервација на хотели и условите за виза се достапни на: https://www.osce.org/cio/275346
КОНТАКТ:
Отсек на ОБСЕ за комуникации и односи со медиумите
Секретаријат на ОБСЕ
Канцеларии: + 43 1 514 36 6756
(Од 08:30 до 17:30 ч., временска зона - Виена, во работни денови)
Моб: + 43 676 71 74 592
(За итни потреби вон работно време)
press@osce.org
Прес департмент на федералната канцеларија за надворешни работи, Берлин
Канцеларии: +49 30 1817 2056
(Од 08:30 до 17:30 ч., временска зона - Берлин, во работни денови)