Претседавачот со ОБСЕ, Јан Борг, во посета на Босна и Херцеговина, Црна Гора, Северна Македонија и Албанија
Претседавачот со ОБСЕ, Јан Борг, во посета на Босна и Херцеговина, Црна Гора, Северна Македонија и Албанија
ВИЕНА, 7 ноември – Претседавачот со ОБСЕ, заменик-премиер и министер за надворешни работи на Малта, Јан Борг, од 10 до 13 ноември ќе ги посети Босна и Херцеговина, Црна Гора, Северна Македонија и Албанија.
Тој прво ќе ја посети Босна и Херцеговина на 10 ноември. За време на неговата посета, претседавачот со ОБСЕ, Борг, ќе се сретне со министерот за надворешни работи, Елмедин Конаковиќ, членови на претседателството на Босна и Херцеговина, Колегиумите на двата дома на Парламентарното собрание и претседавачката со Советот на министри, Борјана Кришто. Претседавачот ќе одржи поздравен говор на настан за одбележување на 30-годишнината од потпишувањето од страна на Босна и Херцеговина на Кодексот на однесување во политичко-воените аспекти на безбедноста. Тој ќе се сретне и со граѓански организации во Коњиќ, a ќе ја посети Мисијата на ОБСе во Босна и Херцеговина.
На 12 ноември, претседавачот Борг ќе ја посети Црна Гора, каде што ќе се сретне со заменик-премиерот и министер за надворешни работи, Ервин Ибрахимовиќ. За време на неговата посета тој ќе ја посети и Мисијата на ОБСЕ во Црна Гора, а ќе се сретне и со граѓански организации.
Попладнето, претседавачот ќе отпатува за Северна Македонија, каде што ќе се сретне со претседателот на Собранието, Африм Гаши, премиерот, Христијан Мицкоски и министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски. Тој исто така ќе присуствува на состанок со Тројката на ОБСЕ заедно со министрите за надворешни работи на Северна Македонија и Финска. За време на неговото патување, претседавачот Борг ќе ја посети и Мисијата на ОБСЕ во Скопје, а ќе се сретне и со граѓански организации.
На 13 ноември, последниот ден од патувањето, претседавачот Борг ќе отпатува за Албанија. Таму ќе се сретне со претседателот, Бајрам Бегај, и министерот за Европа и надворешни работи, Игли Хасани. Претседавачот Борг ќе го посети и Присуството на ОБСЕ во Албанија, а ќе се сретне и со претставници на граѓански организации.
Присуство на медиуми
Во Босна и Херцеговина, претседавачот Борг ќе им се обрати на медиумите на 11 ноември во периодот од 10:30 до 10:45 во Министерството за надворешни работи. Ќе следи покана од МНР.
Во Црна Гора, претседавачот Борг ќе им се обрати на медиумите на 12 ноември во периодот од 10:00 до 10:15 ноември во Вила Горица. Ќе следи покана од МНР.
Во Северна Македонија, претседавачот Борг ќе им се обрати на медиумите на 12 ноември во периодот од 17:30 до 17:45 во Министерството за надворешни работи. Ќе следи покана од МНР.
Во Албанија, претседавачот Борг ќе им се обрати на медиумите на 13 ноември во периодот од 10:15 - 10:30 во Министерството за надворешни работи. Изјавите ќе бидат достапни преку МНР.