Вести
Заедничка изјава на: ЕУ, ОБСЕ, САД Во Скопје
27 февруари 2013
СКОПЈЕ, 27 февруари 2013 - Шефовите на Делегацијата на ЕУ во Скопје, на Мисијата на ОБСЕ во Скопје и на Амбасадата на САД во Скопје излегоа со следнава заедничка изјава:
Земјава во моментов се наоѓа на критична крстосница. Моменталната криза ги загрозува аспирациите на граѓаните за подобра иднина, како и политичката стабилност на земјата.
Мора да се преземат чекори за одалечување од јавните ултиматуми, фиксни позиции и краткорочни тактики, а кон приближување до директен дијалог и компромис од најдобар интерес за граѓаните и државата.
Во овој контекст ги повикуваме политичките лидери да преземат одговорност и без одложување да најдат конечно решение за моменталната политичка криза.