Фондот „Градиме мостови“ продолжува со грантовите за училишта и во 2015 година
СКОПЈЕ, 5 март 2015 година – Проектот „Градиме мостови“ поддржан од ОБСЕ кој започна во 2014, ќе продолжи и оваа година со доделување грантови за општините, учениците, наставниците, родителите и училиштата кои планираат заеднички активности во кои ќе бидат вклучени ученици од сите заедници.
„Градиме мостови“ е заедничка иницијатива на Министерството за образование и наука, Швајцарската амбасада и Мисијата на ОБСЕ во Скопје, и има цел да ја зголеми интеракцијата, меѓусебното разбирање и интеграцијата во училиштата.
Проектот „Градиме мостови“ веќе поддржа заеднички активности во повеќе од 60 училишта во земјата во кои учествуваа сите заедници, потврдувајќи дека културната и јазичната различност може да биде предност ако постојат канали на комуникација и размена меѓу заедниците.
Крајните рокови за грантовите до 7.000 евра се 15 март, 1 мај и 1 октомври 2015 година, додека за малите грантови до 1.500 евра, заинтересираните училишта и општини може да аплицираат во текот на целата година.
Повеќе информации за грантовите и условите, како и за едноставната процедура за аплицирање достапна на седум јазици, може да се симнат од веб страницата на Министерството за образование