Вести
Мисијата на ОБСЕ во Скопје повикува на воздржаност, ситуацијата во Куманово се следи
SKOPJE 9 мај 2015
СКОПЈЕ, 9 мај 2015 - Мисијата на ОБСЕ во Скопје одблизу ја следи и анализира безбедносната ситуација во Куманово и ги повикува сите страни да покажат воздржаност.
"Ние сметаме дека безбедноста на локалното население е од клучно значење", рече Амбасадорката Мариане Берец, Вршител на должност Шеф на Мисијата на ОБСЕ во Скопје.
"Ние сме во постојан контакт со сите релевантни органи и ги повикуваме сите граѓани и политички страни да останат смирени. Во моментов итен приоритет е да се избегне каква било ескалација која може да доведе до понатамошно насилство," рече таа.