Ресурси
Промовирање на соработката преку добро владеење во спроведувањето на антикорупциската политика. Истражувања и анализи
Оваа публикација е дел од проектните активности во рамки на соработката на Државната комисија за спречување на корупцијата и Мисијата на ОБСЕ во Скопје во 2013 и 2014 година. Во неа се објавени вкупно пет квалитативни анализи според методологијата Национален систем на интегритет на Транспаренси Интернешнл и три истражувања на јавното мислење спроведени од агенцијата Рејтинг за перцепцијата на граѓаните за постоење на корупција во избрани сектори од Државната
програма за превенција и репресија на корупцијата и на судирот на интереси 2011-2015.
Ставовите, мислењата, заклучоците и останатите информации изразени во овој документ, не мора да го изразуваат ставот на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ), освен доколку не е експлицитно наведено дека ОБСЕ е автор на документот.