Ресурси
Прирачник за права од здравствено осигурување
Недоволното познавање на правата за здравствена заштита и осигурување за оголемиот број на претставници од ромската заедница најчесто претставува непремостлива пречка и го продлабочува социјалниот јаз и нееднаквост и директно влијаена лошата здравствената состојба на ромите и општата здравствена кондиција на целото население во државата.
Овој Прирачник за правата од здравственото осигурување има намера да ги даде основните насоки за снаоѓање низ правниот лавиринт на организацијата и функционирањето на системот на здравственото осигурување во државата,или да служи поконкретно како помошна алатка во функционирањето на „Рома-информативните центри“ низ државата.
Ставовите, мислењата, заклучоците и останатите информации изразени во овој документ, не мора да го изразуваат ставот на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ), освен доколку не е експлицитно наведено дека ОБСЕ е автор на документот.