Ресурси
Промовирање на транспарентноста и отчетноста во јавните институции
Оваа публикација е финален продукт на проектот „Промовирање на транспарентноста и отчетноста во јавните институции“, што е дел од повеќегодишниот план на Мисијата на ОБСЕ за поддршка на имплементацијата на Државната програма за превенција и репресија на корупцијата и судирот на интереси 2011-2015. Проектот имаше за цел да ги зајакне капацитетите на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) и подигање на свеста на граѓанското општество и граѓаните за активностите и предизвиците на полето на превенција на корупција во земјата.
Ставовите, мислењата, заклучоците и останатите информации изразени во овој документ, не мора да го изразуваат ставот на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ), освен доколку не е експлицитно наведено дека ОБСЕ е автор на документот.