Ресурси
Истражување спроведено од ОБСЕ за насилството врз жените во Северна Македонија - извештај од резултатите
Овој извештај ги претставува репрезентативните наоди на анкетата спроведена од ОБСЕ за благосостојбата и безбедноста на жените во Северна Македонија. Истражувањето беше спроведено во 2018 година во одредени земји од Југоисточна Европа и Источна Европа. Анкетата спроведена од ОБСЕ вклучуваше квантитативна и квалитативна компонента и беше преземена со цел да се обезбедат споредливи податоци за различните форми на насилство кои жените го искусиле во нивното детство и во текот на нивните животи. Истражувањето го анализира насилството што го чувствуваат жените во конфликтните и вон конфликтните средини, како и влијанието кое насилството го има врз жените и девојките, вклучувајќи ги и трајните последици од истото. Прашања за нормите и ставовите поврзани со насилството врз жените беа запрашани за подобро разбирање на основните причини за насилството.
Ставовите, мислењата, заклучоците и останатите информации изразени во овој документ, не мора да го изразуваат ставот на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ), освен доколку не е експлицитно наведено дека ОБСЕ е автор на документот.