ОБСЕ/ОДИХР ја отвора набљудувачката мисија за локалните избори во поранешната југословенска Република Македонија
Скопје, 25 фебруари 2013 – Канцеларијата за демократски институции и човекови права (ОДИХР) на ОБСЕ денеска ја отвори набљудувачката мисија за локалните избори кои ќе се одржат на 24 март 2013, во поранешната југословенска Република Македонија. Мисијата на ОДИХР доаѓа по покана на Министерството за надворешни работи.
Мисијата ја води Амбасадорот Герт-Хајнрих Аренс и се состои од 11 експерти кои ќе работат во Скопје и 16 долгорочни набљудувачи кои ќе бидат распоредени низ целата земја.
Мисијата ќе ги оценува локалните избори во однос на усогласеноста со обврските на ОБСЕ и други меѓународни стандарди за демократски избори, како и со домашните закони. Набљудувачите ќе го набљудуваат спроведувањето на изборниот закон и законите поврзани со изборите, регистрирањето на кандидатите, изборната кампања, работата на изборната администрација и релевантните владини тела, медиумската средина и разрешувањето на изборните спорови.
Во рамките на своите активности, членовите на мисијата ќе се среќаваат со претставници на релевантните органи на власта и политичките партии, со кандидатите, како и со претставници на граѓанскиот сектор, медиумите и меѓународната заедница.
На денот по изборите мисијата ќе ги објави прелиминарните наоди и заклучоци. Конечниот извештај за набљудувањето на севкупниот изборен процес ќе биде објавен приближно два месеци по завршувањето на изборниот процес.
Набљудувачката мисија за изборите на ОБСЕ/ОДИХР и Мисијата на ОБСЕ во Скопје функционираат независно, секоја согласно својот засебен мандат.
За повеќе информации, видете на //www.osce.org/odihr/elections/99772 или контактирајте го Егор Тиљпунов, медиа аналитичар на Набљудувачката мисија за изборите на +389 70 359 087 или egor.tilpunov@odihr.org.mk
или
Томас Рајмер, портпарол на ОДИХР, + 48 609 522 266, thomas.rymer@odihr.pl