Изборите ги исполнија повеќето меѓународни стандарди, и покрај некои преостанати предизвици, рекоа набљудувачите во Скопје
Скопје, 23 март 2009 – Вчерашниот прв круг на претседателски и локални избори во поранешната југословенска Република Македонија ги исполнија повеќето меѓунродни стандарди, иако некои предизвици остануваат да бидат решени, меѓународната мисијата за набљудување на изборите, во изјавата објавена денес рече(приложено).
Изборите беа добро организирани и без насилни инциденти кои ставија дамка на парламентарните избори од минатата година. Денот на изборите беше мирен и процесот на гласање општо земено беше добро менаџиран, иако имаше процедурални нерегуларности и процесот на броење беше оценет како помалку позитивен.
Властите и лидерите на политичките партии направија конкретни напори да обезбедат оддржување на изборите во мирна атмосфера. На изборите им претходеше енергична и особено видлива кампања, со бројни кандидати и партии давајќи им вистински избор на гласачите. Сепак, набљудувачите исто така забележаа дека атмосферата на недоверба продолжи до одредена мера, што беше демонстрирано од бројни вознемирувачки наводни обвинувања за изборни притисоци или заплашувања, особено кон службениците од јавниот сектор во текот на предизборниот период.
Задоволна сум што гледам дека оваа земја направила бројни чекори на патот на демократијата и дека земјата се врати на него по повторувањето на изборите од минатото лето. Нерегуларностите и недостигот на доверба остануваат – и тоа мора да биде решено – но нема сомневање дека вие направивте понатамошен напредок во оддржување избори според меѓународните стандарди,” рече Подпретседателот на ОБСЕ ПА Пиа Кристмас Мулер, Специјален координатор на краткорочните набљудувачи на ОБСЕ.
“Властите и главните политички чинители научија позитивна лекција од парламентарните избори во јуни 2008. Безбедноста во текот на изборната кампања и на денот на изборите беше значително подобрена. Јасно е дека овие претседателски избори направија напредок во воспоставувањето на довербата на граѓаните преку демократски процес,” рече Мариета д Пурбе-Лундн, Шеф на делегацијата на ПССЕ.
“И покрај некои загрижувачки прашања, првиот круг претставува важен чекор напред. Ние ќе го следиме одблиску понатамошниот напредок во вториот круг,“ рече Питер Ајкер, Шеф на Мисијата за набљудување на изборите на ОБСЕ/ОДИХР
“Го поздравуваме фактот што локалните избори беа спроведни во согласност со повеќето Европски стандарди, но жалиме што локалните кампањи беа во сенка на претседателските избори. Ја охрабруваме Владата да го земе в предвид одвојување на локалните и националните избори, за да им се овозможи соодветна важност и на локалните избори,” рече Људмила Сфирлоага, Шеф на Делегацијата на Конгресот на локални и регионални власти.
Меѓународната мисијата за набљудување на изборите претставува заедничко дејствување на Канцеларијата на ОБСЕ за демократски институции и човекови права (ОБСЕ/ОДИХР), ОБСЕ Парламентарното Собрание (ОБСЕ ПС) и Парламентарното Собрание на Советот на Европа (ПССЕ) и на Конгресот на локални и регионални власти на Советот на Европа, кои ја даваат оваа изјава.
За дополнителни информации контактирајте со:
- Jens-Hagen Eschenbächer, ОБСЕ/ОДИХР, мобилен: +389 (0) 70 666 044 or +48 603 683 122, jens.eschenbaecher@odihr.pl
- Andreas Baker, ОБСЕ ПА, мобилен: +389 (0) 70665889 or +45 60108030, andreas.baker@oscepa.dk
- Chemavon Chahbazian, ПССЕ, мобилен: +33 6621 39351, chemavon.chahbazian@coe.int
- Jean-Philippe Bozouls, Конгрес, мобилен: +33 672754297, jean-philippe.bozouls@coe.int