Вести
Меѓународните набљудувачи на претседателските избори во Северна Македонија ќе одржат прес-конференција во четврток
SKOPJE 23 април 2024
СКОПЈЕ, 23 април 2024 година – Меѓународните набљудувачи на изборите ќе одржат прес-конференција на која ќе ги претстават своите наоди во врска со претседателските избори во Северна Македонија.
Што:
- Прес-конференција на меѓународната набљудувачка мисија на изборите на претседателските избори во Северна Македонија
- На прес-конференцијата може да присуствувате лично или преку Zoom (детали подолу)
- Оние коишто не можат да присуствуваат лично можат да го следат преносот во живо тука
Кој:
- Џилијан Стирк, Шеф на мисијата за набљудување на изборите на ОДИХР
- Алфред Хеер, Шеф на делегацијата на ПССЕ
Кога:
- 15:00 часот по локално време (GMT +2) на 25 април 2024 година
Каде:
- Александар Палас, Булевар 8-ми Септември бр. 15, Скопје
Регистрација:
- За да учествувате преку Zoom, ве молиме регистрирајте се до 11:00 часот по локално време на 25 април, користејќи го следниов линк.
Меѓународното набљудување на изборите е заедничка мисија на Канцеларијата за демократски институции и човекови права (ОДИХР) на ОБСЕ и Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ). Набљудувачката мисија брои вкупно 234 набљудувачи, составени од 216 експерти, долгорочни и краткорочни набљудувачи распоредени од ОДИХР и 18 од ПССЕ.
За повеќе информации, ве молиме контактирајте со:
Катја Андруш, ОДИХР: +48 609 522 266 или katya.andrusz@odihr.pl
Богдан Торкаториу, PACE: Bogdan.TORCATORIU@coe.int