ОБСЕ/ОДИХР ја отвора набљудувачката мисија во Северна Македонија
Скопје, 21 Март 2024 – Канцеларијата на ОБСЕ за демократски институции и човекови права (ОДИХР) денеска ја отвори набљудувачката мисија во Северна Македонија за претседателските избори кои ќе се одржат на 24ти Април и парламентарните избори кои ќе се одржат на 8ми Мај, по покана на националните авторитети.
Мисијата е предводена од Амбасадорката Џилиан Стирк и се состои од 12 интернационални експерти од 12 ОБСЕ членки држави, со седиште во Скопје. Дваесет долгорочни набљудувачи ќе бидат распоредени низ целата држава од 27ми Март. ОДИХР исто така побара 300 краткотрајни набљудувачи, кои ќе пристигнат во државата непосредно пред денот на избори.
Мисијата ќе ги оценува изборите за нивната усогласеност со обврските на ОБСЕ и други меѓународни обврски и стандарди, како и усогласеноста со националната легислатива. Набљудувачите ќе го следат процесот на регистрација на гласачи, регистрација на кандидати, активностите на изборните кампањи, работата на изборната администрација и други релевантни државни органи, имплементацијата на легислативната рамка, политичкото и кампањско финансирање и решавањето на изборните спорови. Тие исто така ќе ја оценуваат и имплементацијата на претходно дадените препораки од ОДИХР. Сеопфатното следење на медиумите е составен дел на набљудувачката мисија.
Во текот на набљудувањето, мисијата ќе одржува состаноци со претставниците на националните органи и политички партии, како и претставници на судството, граѓанскиот сектор и медиумите.
Во текот на двата изборни денови мисијата на ОДИХР ќе ги здружи напорите со делегациите од парламентарното собрание на Советот на Европа (PACE) и Европскиот парламент , како и со делегацијата на парламентарното собрание на ОБСЕ (OSCE PA) за парламентарните избори. Тие ќе ги набљудуваат отворањето на гласачките места, гласањето, броењето на гласови и табелирањето на резултатите.
Ќе биде објавен прелиминарен извештај со цел да се информира јавноста и медиумите во текот на набљудувањето, изјава за прелиминарните наоди ќе биде презентирана за време на прес-конференциите кои ќе се одржат на денот после секое гласање. Конечен извештај кој го сумира набљудувањето на целиот изборен процес ќе биде објавен неколку месеци по завршување на изборниот процес.
Дополнителни информации во врска со набљудувачките активност на ОДИХР во Северна Македонија се достапна на: https://www.osce.org/odihr/elections/north-macedonia
Контакт за медиуми:
Лоренс Туле, Медија Аналитичар на ОДИХР laurens.teule@odihr.mk или на +389 72 255 032
или
Катја Андрусз портпарол на ОДИХР, katya.andrusz@odihr.pl или на +48 609 522 266.