Вести
Набљудувачите на предвремените парламентарни избори во Северна Македонија ќе одржат прес конференција во четврток
Скопје 14 јули 2020
Скопје, 14 јули 2020 – Набљудувачите од ОБСЕ канцеларијата за демократски институции и човекови права (ОДИХР) ќе одржат прес конференција на која ќе бидат соопштени првичните заклучоци од предвремените парламентари избори во Северна Македонија.
Што:
- Прес конференција на меѓународниот набљудувачки тим испратен од ОДИХР за следење на предвремените парламентарни избори во Северна Македонија
- На прес конференцијата може да присуствувате лично или преку видеоконференција (деталите може да ги прочитате подолу)
- Може да следите и во живо на: www.facebook.com/osce.odihr
Кој:
- Лаима Андрикиене, шеф на ОДИХР специјалната мисија за проценка на изборите
- Дариа Паприцка, заменик шеф на ОДИХР спецјалната мисија за оценка на изборите
Кога:
- 16-ти јули 2020, четврток во 15.00 часот
Каде:
- Хотел Мериот, Ballroom, II Кат, Плоштад Македонија 7, Скопје
Регистрација:
- Не е потребна регистрација доколку присуствувате лично на прес конференцијата. Ќе се одговара единствено на прашања на новинарите.
- Доколку сакате да ја следите прес конференцијата преку Zoom потребно е да испратите барање за регистрација до портпаролот на ОДИХР, Катја Андруш, katya.andrusz@odihr.pl и до медиумскиот аналитичар Јегор Тиљпунов egor.tilpunov@odihr.mk најдоцна до 11:00 часот на 16-ти јули 2020.