Ресурси
Насоки за регистрација на населението
Овие насоки претставуваат алатка која може да ја користат практичарите, релевантните органи и носителите на политичките одлуки во земјите членки на ОБСЕ при проценката на ефикасноста на нивните национални системи за регистрација на населението и, доколку е потребно, при нивно реформирање.
ОДИХР ги разработи овие насоки како одговор на растечкиот број барања од земјите членки за експертиза и совети за политиките. Целта на овие насоки не е да се дефинираат норми или стандарди. Всушност, во нив се разјаснуваат главните принципи со кои се уредува основањето и одржувањето на функционални модели на регистрација на населението во демократските општества.
Ставовите, мислењата, заклучоците и останатите информации изразени во овој документ, не мора да го изразуваат ставот на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ), освен доколку не е експлицитно наведено дека ОБСЕ е автор на документот.