Ресурси
Разбирање на кривичните дела од омраза против муслимани Справување со безбедносните потреби на муслиманските заедници - Практичен водич
Нетолеранцијата кон муслиманите во која било форма, како насилство, дискриминација, вознемирување или злоупотреба на интернет, има штетно влијание врз животот и на поединците муслимани, и на муслиманските заедници. Овој водич има за цел да им помогне на владите во активностите за спречување и борба против кривичните дела од омраза, вклучително и преку анализа на безбедносните ризици и потребните активности, со цел подобрени капацитети на полицијата и другите институции за да се одговори на безбедносните потреби на муслиманските заедници и поединци. Исто така, со водичот се опфатени и одредени теми, како што се недоволното пријавување и евидентирање на кривичните дела од омраза против муслиманите.
Покрај тоа, утврдени се и практични чекори коишто владите можат да ги преземат за решавање на прашањата за безбедноста на муслиманските заедници, кои одат рака под рака со напорите во рамките на тие заедници.
Ставовите, мислењата, заклучоците и останатите информации изразени во овој документ, не мора да го изразуваат ставот на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ), освен доколку не е експлицитно наведено дека ОБСЕ е автор на документот.