Услови на користење на социјалните медиуми на ОБСЕ
Терминологија
Терминот " страниците на социјалните медиуми " во овој текст се однесува на официјалните профили на ОБСЕ на социјалните медиумски канали и социјалните мрежи, вклучувајќи, но не само, Фејсбук, Твитер, Јутјуб, Гугл +, Инстаграм, СаундКлауд.Намена
Целта на страниците на социјалните медиуми на ОБСЕ е да допрат до публиката во регионот на ОБСЕ и надвор од него, информирајќи за работата и активностите на ОБСЕ во целиот свет. За локални настани и активности, ве молиме следете ги локалните мисии на социјалните мрежи и на интернет страницата на ОБСЕ.Политика на приватност
Со користењето или пристапот до социјалните медиуми и оваа страница, вие ги прифаќате практиките опишани во делот Политика на приватност на соодветните социјални медиумски канали. Повеќе информации за политиките на приватност на соодветните социјални медиуми:Безбедност
Учеството на страниците на социјалните медиуми на ОБСЕ е на доброволна основа. Вие сте одговорни за тајноста на вашата шифра и целосно сте одговорни за сите активности по вашето најавување. Се согласувате(а) веднаш да ги известите соодветните социјални медиуми за секое неовластено користење на вашиот идентитет или кое било друго нарушување на безбедноста, и (б) внимавате дека по секоја сесија ќе се одјавите. ОБСЕ не може и нема да биде одговорен за каква било загуба или штета како последица на вашето не следење на овие препораки.Однесување на корисниците:
Свесни сте дека за сите информации, податоци, пораки и останати содржини, објавени јавно или пренесени приватно, одговара личноста од која потекнува таа содржина. Тоа значи дека вие, а не Мисијата на ОБСЕ во Скопје, сте целосно одговорни за сите содржини кои ги објавувате, испраќате на и-мејл или на кој било друг начин ги правите достапни на страниците на социјалните медиуми на ОБСЕ. ОБСЕ не ги контролира кориснички генерираните содржини од корисниците испратени, освен како што е опишано подолу, и не гарантира за точноста, интегритетот или квалитетот на таквата содржина. Свесни сте дека со користење на страниците на социјалните медиуми на ОБСЕ, може да бидете изложени на содржина која е навредлива, непристојна или непожелна. ОБСЕ нема да одговара под никакви околности и на каков било начин за која било содржина, вклучувајќи, но и не само тоа, грешки или пропусти во која било содржина или за каква било загуба или штета од каков било вид, кои се јавуваат како резултат на употреба на објавена содржина испратена по и-мејл, пренесена или на достапна на некој друг начин преку страниците на социјалните медиуми на ОБСЕ. Се согласувате да не ги користите страниците на социјалните медиуми на ОБСЕ за:- да објавувате, испраќате по и-мејл или пренесувате на друг начин содржини кои се незаконски, штетни, заканувачки, навредливи, малтретирачки, извртени, клеветнички, вулгарни, неприлични, ја загрозуваат приватноста на другите, шират омраза, или се спорни на основа на раса, етничка припадност или на некој друг начин;
- да го нарушите нормалниот тек на дијалогот или на друг начин негативно влијаете врз дискусијата на останатите;
- да наштетите на малолетници на кој било начин;
- да се преправате дека сте некој друг;
- да испраќате по пошта, и-мејл, да пренесувате или на друг начин ставите на располагање содржина за која немате право да ја споделите според кој било закон кој закон или договор за поверенички односи (како што се внатрешни информации, комерцијални и доверливи информации за кои сте дознале за време на работниот однос или при доверливи договори);
- да испраќате по пошта, и-мејл, да пренесувате или на друг начин ставите на располагање содржина со кој се прекршува патентиран производ, трговска тајна, авторски права или други сопственички права ("права") на која било страна;
- да испраќате по пошта, и-мејл, да пренесувате или на друг начин ставите на располагање несакано или неовластено рекламирање, промотивни материјали, „несакана пошта", "спам", "верижни писма", "пирамидални шеми", или која било друга форма на покана;
- да испраќате по пошта, и-мејл, да пренесувате или на друг начин ставите на располагање материјали кои содржат вируси или било кој друг компјутерски код, фајлови или програми дизајнирани го уништат или ограничат функционирањето на компјутерскиот софтвер или хардвер или телекомуникациската опрема;
- да ставате лажни заглавија или на друг начин манипулирате со идентификаторите со цел да го прикриете потеклото на која било содржина пренесена преку страницата;
- намерно или ненамерно да ги кршите локалните, државните, националните или меѓународните закони;
- да следите или на друг начин вознемирувате некого; или
- да собирате или складирате лични податоци за други корисници.