Ресурси
Вештачењето во кривична постапка - Прирачник за практичари
Во текот на имплементацијата на актуелниот ЗКП, преку активностите поврзани со набљудувањето на судења и преку разговор со националните практичари, стана очигледно дека една од слабостите кај правните практичари е адекватното користење на вештачењата, вештаците и техничките советници како алатка за претставување на фактите како доказ пред судот и нивното ефективно, ефикасно и финансиски оправдано однесување во согласност со правилата и принципите на националната кривична постапка.
Законот за вештачење, како lex specialis, треба да се сфати во контекст на ЗКП и целта на вештаците при судењата од кривичната област. Поради тоа, Мисијата на ОБСЕ во Скопје го поддржа изготвувањето на овој Прирачник за правните практичари, вклучувајќи позитивни и негативни примери од националната судска практика, судската практика на ЕСЧП и дополнителни елаборации на новините во Законот за вештачење.
Ставовите, мислењата, заклучоците и останатите информации изразени во овој документ, не мора да го изразуваат ставот на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ), освен доколку не е експлицитно наведено дека ОБСЕ е автор на документот.