Ресурси
Жени за жени во јавната администрација, Прирачник за менторство
Прирачникот за менторство има за цел да го поддржи професионалниот и личниот развој на жените вработени во јавниот сектор преку создавање на концепт за взаемна поддршка, споделување знаења и искуства, како и зајакнување на солидарноста и вмрежувањето меѓу нив. Ги опфаќа потребните клучни техники и алатки за ефективно водење на менторскиот процес помеѓу жените ангажирани во јавната администрација.
Публикацијата е изработена во соработка со Министерството за труд и социјална политика во рамките на менторската програма „Жени за жени во јавната администрација“.
Ставовите, мислењата, заклучоците и останатите информации изразени во овој документ, не мора да го изразуваат ставот на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ), освен доколку не е експлицитно наведено дека ОБСЕ е автор на документот.