Ресурси
Извештај за проценка на потребите според Архуската конвенција на ОН за управување во областа на животната средина

Извештајот за проценка дава преглед на состојбата со имплементацијата на Архуската конвенција во Северна Македонија. Извештајот дава кратка историска позадина за Конвенцијата и обврските поврзани со ОБСЕ.
Главниот фокус е ставен на правната и институционалната рамка во земјата и што е најважно, областите на интервенција кои Мисијата на ОБСЕ во Скопје потенцијално може да ги спроведе во согласност со спецификите на нејзиниот мандат.
Ставовите, мислењата, заклучоците и останатите информации изразени во овој документ, не мора да го изразуваат ставот на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ), освен доколку не е експлицитно наведено дека ОБСЕ е автор на документот.