Ресурси
Мисијата на ОБСЕ во Скопје заврши проект насочен кон зголемување на безбедноста на постојните залихи на мало и лесно оружје
26 мај 2021
Мисијата на ОБСЕ во Скопје спроведе проект за мало и лесно оружје (МЛО), со што се зголеми безбедноста на 15 складишта на оружје на Министерството за внатрешни работи, обезбедувајќи ја сигурноста и безбедноста на граѓаните. Проектот опфати градежни работи, инсталација на алармен и телекомуникациски систем и вмрежување на станици во рамките на Министерството, со што се обезбедува најсовремена заштита за неовластен пристап до службено оружје. Проектот вреден 1,5 милиони евра, поддржан од ЕУ и германското Министерство за надворешни работи, започна во 2017 година и заврши во 2021 година.