Ресурси
Употреба на напредни електронски алатки во судството
![](https://www.osce.org/files/imagecache/20_medium/f/images/hires/c/1/487537.jpg?1621939541)
Оваа анализа претставува основен документ за планирање на следните чекори во сложениот процес на дигитализација на судовите во Северна Македонија. Дигитализацијата на судовите, меѓу-секторското поврзување и интероперабилноста на судовите со другите правосудни институции и државни органи е во насока на подобрување на судската ефикасност и транспарентност со примена на брз, економичен и квалитетен пристап до правдата.
Анализата се состои од четири поглавја: Меѓународни стандарди и споредбени искуства - со фокус на предностите и предизвиците при употребата на електронски платформи и при одржувањето онлајн или хибридни рочишта; Анализа на тековната состојба на употребата на ИКТ алатки во сите судови во Северна Македонија и на постоењето соодветни човечки и технички ресурси; Тековното национално законодавство и неопходните законски измени заради овозможување употреба на нови ИКТ алатки во судското работење и заштита на правата на учесниците во судските постапки; и Препораки за следни чекори во однос на дигитализацијата на судовите.
Ставовите, мислењата, заклучоците и останатите информации изразени во овој документ, не мора да го изразуваат ставот на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ), освен доколку не е експлицитно наведено дека ОБСЕ е автор на документот.