Ресурси
Промовирање на мултистејкхолдерски пристап во процесот на спречување и спротивставување на насилен екстремизам и радикализација кои водат кон тероризам
Овој извештај е објавен како основа за поддршка на напорите во Северна Македонија за промовирање на пристап на повеќе чинители, за спречување и спротивставување на Насилен екстремизам и радикализација кои водат кон тероризам (НЕРВТ) во согласност со најдобрите практики во ОБСЕ. Извештајот ги презентира наодите од десетте дискусии на тркалезни маси, организирани од Мисијата на ОБСЕ во Скопје, во партнерство со канцеларијата на Националниот координатор за Спречување на насилен екстремизам/ Борба против тероризам (СНЕ/БПТ) во врска со Националната стратегија за спречување на насилниот екстремизам, донесена во февруари 2018 година.
Извештајот исто така ги потенцира добрите практики и дава препораки за пристап на повеќе чинители во С/СНЕРВТ.
Ставовите, мислењата, заклучоците и останатите информации изразени во овој документ, не мора да го изразуваат ставот на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ), освен доколку не е експлицитно наведено дека ОБСЕ е автор на документот.