Ресурси
Повик за пријавување на Менторската програма за жени во јавниот сектор
Мисијата на ОБСЕ во Скопје и Министерството за труд и социјална политика работат на промоција на женското лидерство во јавниот сектор преку имплементација на програмата „Жени за жени во јавниот сектор- менторска иницијатива“ во неколку институции на централната власт. Оваа програма е дизајнирана да им помогне на жените кои работат во јавната администрација на Северна Македонија да ги препознаат и надминат пречките во работната средина кои произлегуваат од родовите стереотипи и предрасуди и да идентификуваат можности за нивен професионален развој. Рокот за пријавување е до 30-ти јуни 2019.
Ставовите, мислењата, заклучоците и останатите информации изразени во овој документ, не мора да го изразуваат ставот на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ), освен доколку не е експлицитно наведено дека ОБСЕ е автор на документот.