Ресурси
Анализа на политичкото учество на лицата со попреченост
Во рамките на портфолиото за Анти-дискриминација, Мисијата на ОБСЕ во Скопје ја изработи Анализата за политичко учество на лицата со попреченост. Анализата го истражува директното влијание на Конвенцијата за правата на лицата со попреченост (КПЛП) и постојните уставни и законски одредби врз политичкото учество на лицата со попреченост во државата, анализа на состојбите, а исто така дава и предлози и препораки за понатамошна дискусија и преглед од страна на политичката и академската заедница, како и заедницата на лица со попреченост.
Ставовите, мислењата, заклучоците и останатите информации изразени во овој документ, не мора да го изразуваат ставот на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ), освен доколку не е експлицитно наведено дека ОБСЕ е автор на документот.