Ресурси
Младинска стратегија на општина Кичево 2017-2022
Првата Младинска стратегија на општина Кичево 2017-2022 беше развиена од Младинскиот совет на Кичево со поддршка на Мисијата на ОБСЕ во Скопје. Стратегијата, која беше едногласно усвоена од страна на Кичевскиот општински совет на 23 ноември 2016 година, е документ за застапување кој има цел да ја утврди стратешката определба на општина Кичево и Младинскиот совет за промоција на младинските прашања.
Ставовите, мислењата, заклучоците и останатите информации изразени во овој документ, не мора да го изразуваат ставот на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ), освен доколку не е експлицитно наведено дека ОБСЕ е автор на документот.