Ресурси
Значајни пресуди на Европскиот суд за човекови права со коментар: Говор на омраза и кривични дела од омраза
Оваа публикација е посветена на судската практика на Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) во однос на кривичните дела од омраза и говорот на омраза.
Оваа збирка прави анализа на случаи кога во прашање е говор кој поттикнувал омраза со посебен осврт на судската практика на дел од екстремните форми на говор кои биле проблематизирани пред ЕСЧП. Целта на збирката е преку кратки коментари на најинтересните пресуди и одлуки во врска со говорот на омраза и кривичните дела од омраза, да ги појасни стандардите кои Судот ги поставил пред државите членки на Конвенцијата.
Ставовите, мислењата, заклучоците и останатите информации изразени во овој документ, не мора да го изразуваат ставот на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ), освен доколку не е експлицитно наведено дека ОБСЕ е автор на документот.