Ресурси
Краток водич за обвинители- "Обезбедување докази во електронска форма од меѓународни и домашни интернет сервис провајдери"
Динамичниот развој на технолошките алатки неминовно бараат специфична подготвеност на органите на прогонот, особено на јавните обвинители, во предизвиците кои ги наметнува технолошкиот напредок. Обезбедувањето на компјутерски податоци кои би можеле да претставуваат доказ во одредена кривична постапка не е секогаш едноставно. Сепак, на глобално ниво постојат обиди за воспоставување на заеднички стандарди и за олеснување на размената на информации, по пат на подобрени протоколи, помеѓу органите на прогонот низ светот. Овој краток водич, кој е производ од тесната соработка помеѓу Мисијата и Здружението на јавните обвинители, претставува уште еден придонес во таа насока.
Ставовите, мислењата, заклучоците и останатите информации изразени во овој документ, не мора да го изразуваат ставот на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ), освен доколку не е експлицитно наведено дека ОБСЕ е автор на документот.