Ресурси
Оценка на процесот на доброволно враќање во Косово
Извештајот дава преглед на моменталната состојба на доброволното враќање во Косово, вклучувајќи го раселувањето на лицата погодени од конфликтот во регионот на Западен Балкан и во самото Косово. Во Извештајот, се наведува дека иако од 2012 има одредени подобрувања, процесот на враќање е под влијание на нерешени имотни спорови, административни потешкотии при барањата за помош, и во некои области каде што има раселени лица, проблематични односи меѓу заедниците и безбедносни инциденти.
Ставовите, мислењата, заклучоците и останатите информации изразени во овој документ, не мора да го изразуваат ставот на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ), освен доколку не е експлицитно наведено дека ОБСЕ е автор на документот.